fbpx

Кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, следува ребаланс на Буџетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ преку иниституциите што ги предводи останува посветена на одговорно управување со јавните финансии со цел да се обезбедат допопнителни средства за помош и поддршка за граѓаните.

Следува ребаланс на Буџетот за 2022 година, со кој дополнително ќе се скратат уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.

Преку ваквото намалување на непродуктивните трошоци и заштедите ќе се ослободат средства со кои ќе се финансираат нови мерки за граѓаните и компаниите за надминување на последиците од светската економска криза.

Веќе се реализира пакет мерки во вредност од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и одржување на ликвидноста на компаниите.

Со намалување на ДДВ на нула отсто за основните прехранбени продукти, намалената акциза за горивата, субвенционирањето на сметки за електрична енергија сериозно се намалуваат трошоците на семејствата на месечно ниво.

Во време на светска економска криза, како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.

Последни вести