Соопштение за јавност
И во услови на најголема економска и енергетска криза, СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднување на трудот на работниците, преку отворен и инклузивен дијалог.
Потврда дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за најголемо покачување на платите во образованието за 15 отсто.
Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
За споредба, само до пред 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без светска економска и енергетска криза.
Покачувањето согласно ова решение ќе се реализира од септември годинава, а сите просветни работници кои штрајкуваа ќе им бидат исплатени платите во целост.
Следува дефинирање на методологијата за континуиран раст на платите со што ќе го заштитиме стандардот на наставниците и ќе овозможиме континуиран раст на платите, без тоа да зависи од нечија политичка волја.
СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците.
Како одговорна партија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните дури и во услови на најголема економска криза.