Соопшение за јавност- реакција на изјава на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ
Тимот на Трипуновски е олицетворение и доказ за најцрните години за земјоделството во нашата држава.
Да се најавува влегувањето на груевизмот во институцијатата МЗШВ како спас за граѓаните, во најмала рака е навреда за сите што почувствувале или доживеале на своја кожа што значи режим.
2.5 години откако СДСМ е на власт ги исправа неправдите, хаосот и злоупотребите во Миниситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство токму од оваа група „спасители“ на чело со Трипуновски.
Земјоделството тонеше, земјоделците осиромашуваа, производството пропаѓаше, тоа е вистината за земјоделието во време на опозицијата.
Овие претставници на ВМРО-ДПМНЕ освен личен профит, немаат ништо друго во предвид.
Милионски суми инвестиции во наводнување, земјата во рацете на земјоделците, неселективна исплата на субвенциите, зелена нафта, лидери во ИПАРД искористеност, високи откупни цени, враќање на достоинството на земјоделците се само дел од земјоделските реформи кои со СДСМ се на прав пат.
Сите засегнати субјекти треба да преземат одговорност и да не пречат во работата на МЗШВ за да може да продолжи развојот и новите мерки кои носат повеќе пари во семејните буџети на земјоделците, ги мотивираат младите и жените да се вклучат во производствен процес за поконкурентно производство и подобар пласман.