Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Христијан Мицкоски
11 години криминалниот режим во кој дел беше и Христијан Мицкоски ја пљачкаше државата, ја турна економијата на колена, а граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови.
Таквите криминални, погубни политики на ВМРО-ДПМНЕ и менторот на Мицкоски, Никола Груевски резултираа со пад на економијата од 1,8 отсто во последниот квартал од владеењето на режимот.
За само две и пол години, СДСМ преку одговорни политики успеа да ја врати довербата во економијата, да изгради стабилна и развојна економија со постојан раст од над 3,6 отсто.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите задолжувања завршуваа во белиот дворец и за криминални проекти, денес парите завршуваат кај граѓаните, а задолжувањето е двојно намалено и е со далеку поповолни стапки.
Тоа е разликата помеѓу расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот домаќински однос на СДСМ.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што постојано се отвораат нови работни места, што се реализираат странски инвестиции без денар за скапи реклами, што невработеноста е на рекордно најниско ниво од 17,1 отсто, што проечната плата е зголемена за над 2.000 денари, а минималната за 5.500 денари споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Реалноста говори дека за две и пол години СДСМ на секое поле направи многу повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години.
Понудата на Мицкоски во економијата е понуда за крадење од граѓаните, за богатење на функционери од белиот дворец, за криминални тендери на штета на граѓаните.
Затоа Мицкоски и ВМРО-ДМНЕ можат да се подготват за нов пораз на изборите, граѓаните ќе потврдат дека повеќе пари во семејствата е вистинскиот пат и нема да дозволат нивните пари повторно да завршуваат во белиот дворец.