Токму поради партизацијата на ВМРО ДПМНЕ бевме “заробена држава”, тоа време заврши режим никогаш повеќе!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Невенка Стаменковска – Стојковски од ВМРО ДПМНЕ

 

 

Во извештаите на ЕК, Северна Македонија беше оценета како заробена држава токму поради масовната партизација и контрола на администрацијата од страна на ВМРО ДПМНЕ.

 

Тие времиња завршија и никогаш нема да се вратат и покрај тоа што претставници на бившиот режим се до април, на привремена работа во Владата.

 

Доколку ВМРО ДПМНЕ навистина се залага за професионализација и партизација на јавната администрација, ќе го поддржеше Законот за висока раководна служба, кој е подготвен со поддршка на ЕУ и СИГМА.

 

Наместо тоа, на комисиската расправа во Собрание го видовме старото, исто ВМРО ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО ДПМНЕ јавно и недвосмислено се изјаснија дека сакаат да продолжат со истите пракси и дека ништо не треба да се промени во начинот на избор на раководните лица.

 

Со ВМРО ДПМНЕ државата ќе се врати во старите мрачни времиња на режимот. Режим никогаш повеќе.