fbpx

Продолжуваме со инвестирање во детската заштита, во 2020 започнува изградба на 4 нови градинки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува со мерките и политиките што значат унапредување на детската заштита и поголема грижа за најмладите.

Потпишани се четири нови договори за изградба и проширување на градинки во општините Карпош, Валандово, Арачиново и Пробиштип во вкупна вредност од речиси 134 милиони денари и вкупен капацитет од нови 315 места.

Целта  е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да се обезбедат 7.500 нови места во градинките. Со последните 4 договори се инвестира во вкупно 13 градинки низ цела држава, а некои општини за прв пат  добиваат објекти за згрижување и воспитание на децата.

Во текот на изминатата година преку истата компонента за којашто се обезбедени вкупно 15 милиони евра беа потпишани договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци, Ѓорче Петров, Струмица, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

За оваа година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари.Вкупно досега изградени се 43 нови објекти за градинки.

Покрај зголемувањето на капацитетите на градинките истовремено се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што најголемо покачување до сега.

СДСМ како одговорна партија сериозно се залага за подобра  грижа и воспитание на децата бидејќи тоа е инвестиција на нашите идни генерации кои се иднината на нашата држава.

 

Последни вести