fbpx

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

 

Делегација на СДСМ во состав Коста Петров, потпретседател на СДСМ, Магдалена Несторовска од Форумот на жени на СДСМ и Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, денеска, на 8- годишнината од неговата смрт.

СДСМ, како и граѓаните на Република Северна Македонија со почит ги вреднува заложбите и придонесот на претседателот Глигоров за нашата земја, кој изгради мостови на соработка и заедништво како внатре во општеството, така и во светот и со тоа го зацрта патот на интеграција и развој, кој и денес со гордост го одиме.

Во интерес на иднината на граѓаните и на државата, СДСМ останува определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

 
Последни вести