Соопштение за јавност
СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им ја честита автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Со денешната заедничка служба со патријархот на СЦП Порфириј и со испратениот Томос до Вселенската патријаршија се создаваат сите успови МПЦ – ОА да биде признаена како автокефална и рамноправна со сите православни цркви.
Ова е важен настан за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани.
Со признавањето на МПЦ – ОА се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност.