fbpx

Коциќ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да инсценираат инцидент во Собранието, нема да дозволиме да се случува она што се случуваше за време на нивното владеење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Она што во моментов се случува е желба на ВМРО-ДПМНЕ да се инсецнира инцидент во Собранието и мислам дека се надеваат дека ќе се случи нешто слично како на 24 декември кога пратениците на СДСМ беа исфрлени како празни куфери од Собрание, иако и претседателот на собранието им кажа дека такво нешто ниту планира, нити може да биде дозволено, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Тој нагласи дека е очигледна е интенцијата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да испровоцираат физички контакт, меѓуота тоа го прават со многу невешта глума.

Со ова сценрио кое го заговараат сакаат да се прикажат како жртви, но тоа им е многу провидно и ѝ е јасно на целата јавност, рече Коциќ.

Тој додаде дека не е единствен проблем во режирањето на судир на пленарна седница тоа истото се случува и на комисиите.

Изминатата година сме сведоци на физичко оневозможување врз претседателката на комисијата за образование да се блокира Законот за наставници и стручни соработници, иста е состојбата и со физичките опструкции што ги прават на Комисијата за политички систем, рече Коциќ, додавајќи дека пратениците од опозицијата сакаат да импровизираат дека се оневозможени да работат, па го земаат микрофонот, чукаат по масата, се однесуваат целосно недолично.

На јавноста ѝ е јасно во која насока оди ова однесување, меѓутоа ние нема да дозволиме да се случува она што се случуваше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, порача пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

Тој нагласи дека треба да се промени вокабуларот во Собранието, бидејќи оценките се дека има ниско ниво на политичка култура.

Ако се слушаат говорите од вчера ќе видите дека има искажани клевети, навреди и ширење на говор на омраза од опозициските пратеници, одредени пратеници често имаат и директни напади кон женскиот пол, но тоа не секогаш е снимено од камери, истакна Коциќ, додавајќи дека политичката култура не зависи само од владејачкото мнозинство, туку од сите учесници на политичката сцена.

Во врска со актвината блокада на опозицијата Коциќ рече дека собранието функционира, но со намалена продуктивност, што создава дуплирање на трошоците, кои се пари на народот.

Само антиевропски сили, во овие моменти кога цела Европа е под притисок од војната во Украина, кога се најавува глобална рецесија, тешка зима наместо да седнеме да разговараме да се направи план и програма како треба во оваа држава да се работи, прават бурлески како изминатите денови, истакна пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Последни вести