fbpx

Мицкоски да не бега туку да одговори дали знае каде завршиле парите од „Криминалните парцели“, дали во ВМРО-ДПМНЕ?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста глумејќи жртва, да каже јасно пред граѓаните дали украдените пари од сметката на ЕВН Електрани завршила за финасирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ? Или пак во чии џебови завршиле 1,6 милиони евра од „Криминалните парцели“?

Како што веќе објавија медиумите дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски треба да одговори дали по негови инструкции работеле осомничените, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?
Прашуваме дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот претходник Никола Груевски и преку својот телохранител ги затскривал трагите за испумпување на пари од ЕВН?

Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори.

Последни вести