Соопштение за јавност
Политиките на СДСМ во земјоделството се конкретен пример за вистинска грижа кон земјоделците
Во само еден ден исплатени се 222 милиони денари кон 7.877 фармери за предадено млеко
Тоа се субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко, односно, млеко предадено во преработувачки капацитет во период од мај до септември 2018 година.
Со оваа исплата, се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко во текот на минатата година. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2018 година исплатени се 476 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и субвенции за козјо и овчо млеко по 4,5 денари за литар.
Досега, Владата предводена од СДСМ исплати вкупно 331 милиони евра финансиска поддршка во агро секторот, без селекција, транспарентно, кон сите земјоделци кои исполнуваат услови за финансиска поддршка.
Реформите во земјоделството се на прав пат. Продолжуваме со реализација на мерките кои обезбедуваат модернизација и развој на земјоделството и повеќе пари кон земјоделците.