fbpx

Извесниот пораз кој им следува на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги плаши па штанцаат лажни вести, вистината е дека СДСМ води на сите анкети

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Новиот извесен пораз на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги плаши до тој степен што штанцањето на лажни вести и дезинформации од белиот дворец кулминира преку масовно пласирање на лаги преку т.н. медиуми блиски до нив.

11 години со нарачани анкети се манипулираше јавното мислење, а очигледно е дека опозицијата и денеска е контролирана директно со груевистички методи нарачани од Будимпешта.

Без разлика дали тоа и се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и на Мицкоски, тие ќе останат опозиција и после 12 април.

Сите релевантни анкети покажуваат дека СДСМ убедливо води пред ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, Зоран Заев е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните а Христијан Мицкоски има помал рејтинг од неговата ВМРО- ДПМНЕ.

СДСМ е фаворит на изборите.

Јасно е, на 12 април граѓаните масовно ќе кажат режим – никогаш повеќе.

Последни вести