fbpx

Николовски: Оваа генерација политичари имаа храброст да истапат, да донесат храбри одлуки и реализираат политики на само пола мандат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Оваа влада ја извади државата од граѓанска војна која можеше да ни се случи на 27 ми април и тоа никогаш не смее да се заборави, да не се заборави што правеше опозицијата 11 години. Денес имаме слобода, демократијата, денес сме светол пример, донесовме историски одлуки и ја отворивме иднината на идните генерации, истакна генералниот секретар на СДСМ,Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата Топ Тема на Телма Телевизија.

Оваа генерација политичари имаа храброст да истапат, да донесат храбри одлуки, да нашето знаме денес се вее пред НАТО со најсилните и најмоќните демократски држави и да бидеме горди да на исполнувањето на стратешките перспективи кои се многу важни за иднината на нашата држава, пред се за младите. –посочи Николовски.

Тој истакна дека на само пола мандат СДСМ има огромна реализација на планираните приоритети , планови, мерки политики и никој нема да не спречи во борбата во судството, на прочистувањето на судските редови. –посочи Николовски.

Последни вести