fbpx

Царовска: Нови шанси за младите, со Законот за практиканство младите добиваат практично знаење и поконкурентни се на пазарот на трудот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

СДСМ за две и пол години презема конкретни мерки кои носат брзи резултати и отвораат нови шанси за млади. Доказ за тоа е донесениот Закон за практиканство со кои младите добиваат вистинска шанса за дообучување и практично знаење. Тоа создава шанси и ги прави младите поконкурентни на пазарот на трудот, потенцираше Царовска.

Преку Оперативниот план за вработување обезбедивме и финансиска помош за компаниите кои сакаат да овозможат пракса за млади и веќе 1.625 млади лица ги користат овие придобивки, додаде Царовска на денешната трибина.

Денешната трибина Агенда Млади 20-24 на СДСМ е дел од програмските трибини на кои учествуваат експерти, претставници на невладини организации, граѓани и други стручни лица преку кои СДСМ ја подготвува својата нова изборна програма.

Последни вести