fbpx

Мицкоски нема став и лицемерно зборува едно дома, а друго надвор од државата, нека се спреми за нов пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

 

 

 

 

 
Христијан Мицкоски со секој негов настап повторно докажува дека нема став за клучните прашања.
 
Дома зборува едно, а надвор од државата друго.
 
Не му пречи на Мицкоски неговата ВМРО ДПМНЕ да учесвува во ЕПП со уставното име на државата, Република Северна Македонија, а го кочи Законот за одбрана поради тоа.
 
Портпалот на Груевски од белиот дворец, Мицкоски, работи протв граѓаните и државата.
 
Со тоа што го загрозувањето на Преспанскиот договор Мицкоски ризикува нова блокада и вето од Грција за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија.
 
Граѓаните знаат дека обновата што им ја нуди ВМРО-ДПМНЕ е обнова на режимот, одржуван со уцени и заплашувања, корупција и богатење на неколкумина на сметка на граѓаните, како и заробена и изолирана држава, скарана со соседите.
 
Затоа, Мицкоски нека се спреми за нов пораз на 12 април.
Последни вести