Соопштение за јавност
Пресудата за Талир 2 е само потврда на она што со години сите се сомневаа, она што и меѓународни организации го пишуваа е дека ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во интервју за Радио Лидер.
– Овој случај само ги потврди сомневањата кои постоеја со години, дека ВМРО-ДПМНЕ незаконски се стекнале со имот и тоа не само со белиот дворец, туку и простори во дваесеттина градови низ државата. Дознавме сите дека во тој бел дворец има камин од 20.000 евра, плочки од 100.000 евра дека е луксузно опремен, порача Богоев додавајќи дека тој е изграден и опремен во време кога граѓаните се соочуваа со невидена сиромаштија и долгови.
Одговарајќи на прашање околу справувањето со последиците од кризата, Богоев истакна дека Владата предводена од СДСМ презема навремени мерки за заштита на стандардот и дека тие се адаптираат за најмногу да им се помогне на оние категории кои имаат најголема потреба од помош, додавајќи дека во време на криза ВМРО-ДПМНЕ се однесува лицемерно и неодговорно.