Соопштение за јавност
И во време на светска економска криза, ефикасните и навремени политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат, економијата е стабилна иако е силно погодена од глобалната криза.
Во првиот квартал од 2022 јавниот долг е намален за 2,2 процентни поени и изнесува 54,9 отсто од БДП.
Во истиот период намален е и државниот долг за 1,9 процентни поени и тој изнесува 46,8 отсто.
Ова е потврда за одговорност во реализацијата на економски политики, односно добро поставената фискална политика од страна на Владата на СДСМ и потврда за успешното управување со јавните финансии во време на светска економска криза.
По усвојување на ребалансот на Буџетот следуваат нови прилагодени мерки за помош на граѓаните и стопанството но и повеќе пари за капитални инвестиции и за производство на храна.