Соопштение за јавност
Ништо ново од Христијан Мицкоски, неговите ставови се дел од матрица која работи против правдата против интересите на државата.
Мицкоски е ист како неговиот ментор во Будимпешта, избеганиот криминалец Никола Груевски. Очигледно на Мицкоски Груевски му недостасува многу повеќе, затоа е целосно посветен на неговите пракси.
Мицкоски седи во имотот на Груевски, лицемерно најавувајќи дека би го отуѓил и продолжува со погубните политики на Груевски.
Ако Груевски сметките за кампања ги затвораше со незаконски долгови од над 3 милиони евра, Мицкоски сметката за кампањата на Гордан Силјановска сметката ја затворил со незаконски долг од 400.000 евра кој не може да се исплати.
Суштината е дека Мицкоски е против правда и ставен во одбрана на криминалот. Затоа е против Законот за Јавно обвинителство, затоа што неговата единствена цел е да ги одбрани криминалците во ВМРО-ДПМНЕ.
И неговите најави дека немал концесии и затоа можел да спроведе реформи во правосудството се лажни лицемерни.
Неговите концесии се мерат во мегават часови, затоа што да не беше политиката, да не беше советник на Груевски никогаш немаше да се стекне со земјиште и концесии за изградба на хидроцентрали.
Единствена реформа што Мицкоски може да ја понуди во судството е да го врати тефтерчето на Јанкуловска и „Сваровски“ судството.
Лицемерен е Мицкоски и за новот уставно име. Договорот од Преспа не му забранува да се нарекува Македонец кој зборува македонски јазик, со таа разлика што сега државата има офцијално име со признаен и гарантиран идентитет, наместо да биде заведувана под акроним.
Нервозното и деструктивно однесување на Мицкоски е олицетворение на очајноста во која е западната ВМРО- ДПМНЕ свесна дека на 12 април ќе доживеат нов пораз на изборите.