fbpx

Премногу е, не само Талир 2, Мицкоски го брани својот ментор Никола Груевски и целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски вечерва пропушти уште една шанса да им се извини на граѓаните за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и да повика на одговорност.

Наместо тоа тој половина час глумеше адвокат на криминалот на неговата партија, изигруваше лажен правник наложувајќи им на судовите како да работат. Исто како Груевски.

Не само за Талир 2, денеска Мицкоски продолжи со одбрана на целокупниот криминал на ВМРО-ДПМНЕ како и на својот ментор и вистински шеф, Никола Груевски.

Со секоја нова пресуда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски станува негов уште пожесток бранител.

Око не му трепнува на Мицкоски за тоа што додека граѓаните осиромашувале ВМРО-ДПМНЕ ги крадело на ангро.

Ако е и од Мицкоски, премногу е!

Сите украдени пари од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги вратат кај граѓаните.

Последни вести