fbpx

Им помагаме на команиите и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ опструира сѐ и нанесува штета на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Знам дека ви е болно кога ги слушате бројките, но тоа е реалноста, вистински се покачени платите, вистински се помага на граѓаните, вистинските мерки се носат и ќе се носат, порача во реплика пратеничката на СДСМ Данеила Колева, во рамките на расправата посветена на ребаланост на буџетот во собраниската комисија за финансирање и буџет.

Таа во реплика кон пратеникот Љупчо Пенџов, потсети дека во 2009 година растот на БДП биле -0,4 отсто, во 2012 година -0,5 отсто, односно бил негативен, а дефицитот постигнал рекорди во 2013 година, кога бил 3,8 отсто, и во 2014 кога се искачил на највисоки 4,2 отсто.

Зошто во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година се затвориле 30.000 фирми, а сега за 4.000 во време на криза велат дека се многу, а истовремено се отворени 6.000 нови фирми, повторно запрша Колева, нагласувајќи дека на ова прашање не добила одговор, бидејќи одговор нема.

Пратеничката Колева нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во 2013 и 2014 година земале кредити за да градат непотребни, непродуктивни, некорисни работи, додека невработеноста била 33 проценти, а дефицитот најголем.

Се што сте ветиле во програмата, во секоја сфера ништо не сте реализриале, оваа влада ветила минимална плата од 18.000 денари, толку е минимална плата, ја врзала минималната плата со растот на трошоците и со просечната плата и сега тоа е осигурано со закон, а претходно платата беше 9.000 денари и 6.000 денари по конфенкциите, истакна Колева, додавајќи дека во областа на енергетиката ВМРО-ДПМНЕ ветило проекти како Луково поле, Бошков мост, рудник за јаглен во Мариово, кои ги нема.

Таа нагласи дека од 2018 година наваму во енергетиката има инсталирано 30 мегавати на Когел, 10 мегавати во Осломеј 1, уште една инвестиција е во тек за изградба на 100 мегавати, две фотонапонски електрани чекаат на изгласување, а сега секое домаќинство може да постави фотоволтаични панели.

За 11 години ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата вработи 30.000, СДСМ за 5 години 2.800, според податоци на државниот завод за статистика, истакна Колева, додавајќи дека од едно работно место правеле 10, преполнувајќи ги институциите со измислени, непосточеки работни места.

Таа наведе дека со ребаласнот се обезбедуваат рекордни средства за земјоделството, пензиите ќе растат, со таргетирани мерки се помага на стопанството.

Помагаме на команиите и граѓаните, ако опструирате се, само со една цел да се вратите на власт, имајте доблест барем сега да бидете конструктивни, да може ребаланост да го донесеме без проблеми. Во моменти на економска и здравствена криза во светот и во цела Европа не е добро да се фокусирате само на критики, туку да се се концентрираме на тоа што може да се подобри, ние сме тука за граѓаните, заедно да работиме, потенцираше Колева.

Таа нагласи дека не е во ред да се прави опструкција и да се блокира парламентот со една цел ВМРО-ДПМНЕ да се вратите на власт.

Во 2024 пак ќе изгубите, ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капацитет, не знаат да слушаат, ни да соработуваат, како што вели нивниот доскорешен колаиционен партнер, порача пратеничката на СДСМ Данеила Колева.

Последни вести