Соопштение за јавност
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија во врска со информациите во медиумите, пред се бугарските за француски предлог истакна дека нема потреба од неодговорно однесување, не треба да се избрзува и да се шири паника кај граѓаните.
Прво треба членките на ЕУ да се произнесат, а кога предлогот ќе стигне кај нас како засегната страна секако дека и ние ќе ги изнесеме нашите ставови, рече Кузеска, додавајќи дека ставот на Македонија е кажан во резолуцијата изгласана во македонските собрание, во која се содржани црвените линии кои ги поддржа и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и сите парламентарни партии.
Во таа резолуција е наведено дека Македонија ги исполнила сите критериуми да ги започне преговорите со ЕУ, додека во резолуцијата од конгрес на ЕПП каде беше присутен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека не се постигнати резултати во насока на имплементација на билатералните договори со Бугарија, нагласи Кузеска.
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ дома зборува едно надвор прави друго, слично како кога Христијан Мицкоски седеше со Борисов и рече дека го „поткрепам договора“.
Резолуција на ЕПП ја погазува Резолуцијата усвоена во Македонското собрание и за тоа има докази, исто како што има доказ дека Христијан Мицкоски на конгресот на ЕПП седи пред ознака на државата НМК, наведе Кузеска, додавајќи дека нема никаква таква кратенка за држава, според преспанскиот договор кодот за државата е МКД.
Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска го запраша ВМРО-ДПМНЕ дали ќе преземе одговорност за тоа што го лаже народот.
Зборувате за тешко живеење денес. Немам намера да има кажувам на луѓето дека имаат повеќе од тоа што имаат, кога ќе отворат новчаникот. Јас можам да кажам што ние правиме, со нас платите констинуирано растат, а од ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, се сликаат со градники и училишта изградни од централната власт, трошат пари на бонбонјери, кроасани и сокови, нагласи Кузеска.
Таа потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно деструктивно во време на криза, и тоа не од оваа која е најтешка по втората светска војна, туку почнувајќи од пандемијата, скоро три години во криза, пакетите антикризни мерки се на туркање, од ВМРО-ДПМНЕ постојано се опструира и блокира.
Болката на ВМРО-ДПМНЕ за протестот утре е дефинитвино големиот удар кој го доживеја со пресудата за Талир2. Досадно ми е да зборувам за Никола Груевски, но Талир2 покажа дека ВМРО-ДПМНЕ го штити криминалот на Никола Гуревски и ВМРО-ДПМНЕ и онаа вазна од 180.000 евра и таа Бела палата од каде праќаат соопштенија дека народот е во сиромаштија, а имаат кинеска вазна од 180.000 ерва, во која новата генерација менува цвеќиња, но водата не е променета и суштината е иста, со истите луѓе, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.