fbpx

СДСМ постојано се менува, промовира нов динамичен, модерен и европски концепт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

На големата граѓанска трибина „На прав пат“ во преполната сала Борис Трајковски граѓаните, јавноста, видоа нов, енергичен, динамичен СДСМ со модерен европски концепт, партија целосно мотивирана за работа во интерес на граѓаните.

 

СДСМ постојано се менува, обединува, вклучува и промовира нови луѓе, политики и нов начин на работа и делување во интерес на граѓаните.

 

Сите капацитети СДСМ ги става во служба на граѓаните, нивните интереси и иднината на државата.

 

Преку бројните активности, над 600те маалски и урбани средби, над 20те граѓански трибини низ државата, преку секојдневните посети на наши членови и активисти од врата до врата, го слушаме гласот на граѓаните, ги нотираме нивните потреби и барања и заеднички наоѓаме решенија.

Нашите тимови остануваат со граѓаните.

 

Сите забелешки и предлози внимателно ги анализираме и ги вградуваме во решенија од новата програма со која ќе настапиме на предвремените парламентарни избори.

 

Граѓаните го препознаваат и се приклучуваат на одговорниот и развоен концепт на СДСМ. Тоа го покажа масовното присуство на трибината во „Борис Трајковски“ но и претходните трибини ширум државата.

 

Таква ќе биде понудата на СДСМ и за следните избори на 12 април. Модерна, одговорна, развојна и во интерес на граѓаните и посветена на иднината на државата.

 

Затоа СДСМ убедливо води на сите анкети и е убедлив фаворит на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Последни вести