Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија изминатиот период донесе низа мерки и реформи со кои ја потврдува вистинската грижа за сите граѓани, особено за младите.
Вложувањето во човечкиот капитал е потврда дека за СДСМ сите граѓани се важни.
Во таа насока е и одлуката на Владата предводена од СДСМ, за доделување на младински додаток од 3.000 денари на младите вработени во производството и земјоделството.
Младинскиот додаток ќе се исплаќа на сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование и кои се во работен однос со задолжително социјално осигурување во производствена дејност. Потоа, младите лица кои се отстапени кај работодавач-корисник од производствена дејност од страна на приватна агенција за вработување, како и млади индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.
Преку оваа мерка, истовремено придонесуваме за подобрување на животниот стандард на младите и ги задоволуваме потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила.
Подолжуваме да креираме и спроведуваме мерки што го унапредуваат животниот стандард на младите и обезбедуваат можности за младите да останат тука.
Иднината на нашата држава е во човечкиот капитал и ќе продолжиме да инвестираме во него.