fbpx

Паника во ВМРО-ДПМНЕ, штанцаат лаги и бранат сомнителни лица за кои се водат постапки за измама

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

 

Паниката во ВМРО-ДПМНЕ од извесниот изборен пораз предизвикува хистерични реакции врз база на измислици, штанцаат лаги на дневна основа кои немаат врска со реалноста.
Она што беше кажано на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ е целосна лага. 
Ништо од тоа што го говори ВМРО-ДПМНЕ не е точно. Ниту имало некакви средби, ниту имало некакви барања, ниту пак општината на некого му го обезвреднувала имотот.
Сепак, ги охрабруваме институциите да ги истражат овие невистини и на тој начин да ја потврдат вистината, дека ВМРО-ДПМНЕ е една манипулаторска партија која своето делување го сведе на пласирање лаги. 
Она што јавноста треба да го знае е дека за лицето зад кое ВМРО-ДПМНЕ застанува се водат неколку судски постапки за измама и незаконско однесување.
Очекуваме разрешница на постапките за јавноста да ги дознае сите инфромации за кого навистина станува збор.
Во недостиг на идеи и програми, ВМРО-ДПМНЕ со ваква криминална понуда на невистини може да очекува смо пораз на изборите на 12 април.

Последни вести