Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, на дебаклот од митинг, добија јасна порака од граѓаните дека не сакаат блокади и деструкции.
Во време на најголема глобална економска и енергетска криза граѓаните очекуваат одговорност, конструктивност и посветеност од страна на сите политички партии.
ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифатат овие пораки од граѓаните, да го променат својот деструктивен начин на однесување и да го стават интересот на граѓаните на прво место.
Наместо да биде единствен опозициски политичар кој и во време на криза работи против државата и граѓаните, Мицкоски да се повлече од деструкциите.