Соопштение за јавност
Претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје истакна дека на следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување.
Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок. Затоа што само тој избор е победнички, порача Заев.
Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме. Затоа нема скршнување од патот на победата, истакна претседателот обраќајќи се првенствено кон членовите и симпатизерите на СДСМ.
Другарки и другари, победата бара посветеност и дисциплина. Од секој од нас зависи, секој од нас може и умее!Ќе победиме! Затоа, ајде да се договориме! Да се договориме дека секој член на СДСМ, секој од нас, до изборите, ќе почитува и ќе промовира меѓу своите другарки и другари во партијата, три принципи, три столбови и три правила, за сигурна победа на СДСМ, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.
Прво правило, да зборуваме за успесите во економијата, економијата за нас е на прво место, затоа што имаме многу испорачано во изминатите 2,5 години, затоа што за 2.5 години направивме многу повеќе отколку претходните 11 години, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.