fbpx

Се грижиме за земјоделците, исплатени 1.3 милијарди денари за тутунарите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ и во време на светска економска и енергетска криза, води континуирана грижа за земјоделците и инвестира во домашното земјоделско производство.

Целосно се исплатени субвенциите за тутунот од реколтата од 2021 година, исплатени се вкупно 1.3 милијарди денари.

Веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во законот за земјоделство и рурален развој, над 20 милиони евра легнаа на сметките на 17.000 тутунопроизводители.

Со измените на Законот за земјоделство и рурален развој од оваа година за првпат започнува авансна исплата на субвенциите, што е особено важно во време на глобална економска криза.

СДСМ со низа мерки ги помага земјодлеците и го поттикнува земјоделството производство, а ВМРО-ДПМНЕ со блокади и политички игри нанесува директна штета на земјодлеците.