fbpx

Во однос на Бугарија, СДСМ ги штити националните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ прави штета

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии.

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во време кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што прават штета на државните позиции и националните интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само заради задоволување на лични и партиски интереси.