Соопштение за јавност
Додека сите се радуваат и честитаат, во ВМРО-ДПМНЕ не само што молчат, туку и се противат на нашето членство во НАТО.- истакна потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска од граѓанската трибина во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ лицемерно предлагаат предвремена ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО,а велат дека нема да го гласаат Законот за одбрана кој е клучен за пристапувањето во НАТО.-посочи Шекеринска.
Шекеринска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ јавно соопштува дека нема да го гласа тој Закон, заради уставното име на државата. А истовремено бара предвремено ратификување на протоколот за пристапување во НАТО под истото тоа име.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ земаат плата од Република Северна Македонија и тогаш тоа не им пречи. Не им пречи ниту кога во ЕПП пред партијата стои уставното име на државата. Ама им пречи кога треба целата држава да оди напред, да стане дел од НАТО, им пречи тогаш кога ја обезбедуваме иднината, границите и стабилноста преку членство на Алијансата. –посочи Шекеринска од трибината во Скопје.