Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање во собранието истакна дека во изминатиот период енергијата во министерството за земјоделството беше насочена кон производството на храна и затоа беше донесен национален план за храна кој што содржи мерки кои поддржуваат стратешки производи, односно пченица, пченка, сончоглед, месо.
Интервентниот фонд е 400 милиони денари, а беше зголемен за дополнителни 500 милиони денари и во него покрај тоа што е опфатено субвенционирањето за овие стратешки производи вклучено е и зголемување на субвенциите согласно зголеменото производство, како и субвенционирање на цената на нафтата, истакна Ковачевски.
Тој нагласи дека со ребалансот на буџетот се обезбедени дополнителни 500 милиони денари за зголемување на производството и активирање на овој план за производство.
Беа распишани и наддавања за доделување на земјоделско земјиште на земјоделците за производство на вакви стратешки култури. И затоа денес веќе имаме доделено 5000 хектари за производство на пченка, пчаница и други стратешки култури на кои што на големо задоволство се пријавија над 230 земјоделци за производство на овие култури, нагласи Ковачевски, додавајќи дека дополнително бил отворен тендер за дополнителни 4000 хектари кој што исто така е во фаза на реализација.
Во врска со субвенциите претседателот Ковачевскии нагласи дека беа исплатени субвенциите на 17,000 тутунари, за жал со задоцнување поради неодговорното однесување на опозицијата која што неколку месеци го блокираа законот.
Откако тоа се донесе субвенциите на тутунарите се исплатени, исто така се смени и начинот на исплата на субвенциите за овоштарите, каде за прв пат имаме авансна исплата на субвенциите тогаш кога најмногу им треба и овој начин на исплата ќе биде предложен и веројатно усогласен и да биде и предложен за останатите култури, нагласи Ковачевски.
Она што можам да ги уверам сите граѓани особено оние што се занимаваат со земјоделско призводство е дека субвенциите ќе бидат исплаќани навремено и ќе бидат исплаќани во суми кои ќе им обезбедуваат стабилно производство на земјоделските култури кои на нас ни се и те како потребни во услови на оваа голема криза, порача претседателот Ковачевски.
Тој нагласи дека министерството за економија од прв ден со таргетирани мерки успеа да спречи зголемување на цените на прехрамбените производи и исто така веќе е во процедура закон за заштита на потрошувачите,
Неколку пати го осудивме непазарното и неетичкото однесување на еден дел од трговците на големо и мало кои сакаа да профитираат во услови на растечка инфлација и сакам да се заблагодарам и на УЈП и ДПИ кои навистина неселективно и кои врз основа сите нивни надлежности деноноќно работеа за да може да се обезбеди граѓаните да имаат рамноправен третман во услови на криза и да не се дозволи некој на грбот на граѓаните да остварува екстра профити, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од собраниската говориница.