fbpx

Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски поддржа спорна резолуција на ЕПП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Има голема разлика граѓаните јасно ја гледааат и ја препознаават.

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и Владата којашто ја предводи се грижат за националните интереси и достоинството на сите граѓани. Ковачевски силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор.

Од друга страна е Христијан Мицкоски кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини а надвор прифати спорна Резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија.

Никаде немаше ниту изјава за спротивставување на оваа спорна Резолуција на ЕПП, ниту осудување ниту оградување од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ништо.

Зошто во ЕПП не организираше Мицкоски протестна прес конференција? Зошто ја прифати со ставови на Бугарија?

Ете тоа е вистинското лажно лице на Христијан Мицкоски кој нема никаков кредибилитет да зборува за спорот со Бугарија и граѓаните тоа многу добро го знаат.

Последни вести