fbpx

Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, покачување од само 7,4%

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија за крајните потрошувачи за 80 отсто.

Според одлуката на независното регулаторно тело за енергетика, за 98.8 отсто од домаќинствата цената на струјата ќе се покачи за просечно 7,4 отсто.

За заштита на потрошиувачите, пред се ранливите категории, домаќинствата ќе бидат поделени во четири тарифни блока зависно од тоа колку струја ќе потрошат.

Најмало зголемување од 5,5 отсто ќе имаат од првиот блок, а најголемо ќе добијат оние од последниот блок чија потрошувачка надминува 1.050 киловати.

Покачувањето на струјата од само 7,4 отсто е далеку пониско од лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, преку кои шират паника кај граѓаните.

СДСМ во време на светска економска и енергетска криза ги заштитува граѓаните од ценовни шокови и ќе продолжи да ја субвенционира електричната енергија.

Последни вести