fbpx

Шекеринска на состанок на Партијата на европски социјалисти во Брисел: Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балканот

Facebook
Twitter
LinkedIn

 

Соопштение за јавност

 

 

Заменик претседателската на СДСМ Радмила Шекеринска денес во Брисел учествуваше на состанокот на лидери на партии на Партијата на европски социјалисти.

,,И Владата и Европската комисија го споделуваат истото мислење – Северна Македонија донесе пресврт и дома и на Западен Балкан, направи круцијални, историски чекори напред и заслужи да ги започне преговорите за членство”, рече Шекеринска на состанокот и истакна дека крајната цел за сите граѓани е земјата да функционира европски, да биде вистинска современа демократија и дека тој процес ќе биде брз и ефикасен единствено преку отворање и затворање на европските поглавја.

„Членството во Унијата е една од двете главни надворешно-политички цели на државата со децении. Државата припаѓа на обединета Европа, и културно и географски и според вредностите кои се втемелени во македонското општество. За нас нема друга опција освен полноправното членство во ЕУ и затоа сме фокусирани на тој пат“, рече Шекеринска.

На состанокот присуствуваа и новата финска премиерка Сана Марин, високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел, претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, шведскиот премиер Стефан Лофвен, шпанскиот премиер и мандатар Педро Санчез, поранешните премиери на Грција Алексис Ципрас и на Бугарија, Сергеј Станишев. Притоа Северна Македонија доби недвосмислена поддршка од сите и честитки за членството во НАТО.

Во кусиот разговор Шекеринска му честиташе на Борел за новата функција и рече дека очекува продолжување на соработката со нашата земја и почеток на преговори за членство.Во разговорот со премиерот и мандатар на Шпанија Санчез заменичката на претседателот на СДСМ ја истакна важноста од брзата ратификација на протоколот за НАТО од страна на неговата земја, на што премиерот и мандатар одговори дека Шпанија ќе стори се да го заокружи навреме ратификацискиот процес

Последни вести