Соопштение за јавност
Грижата за најмладите и детската заштита се правиот пат и остануваат главен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Се обезбедуваат квалитетни услови за правилен детски развој преку јакнење на знаењето и вештините на кадарот во градинките како и преку проширување на капацитетите на градинките.
За две години изградени се или во тек е изградба на скоро 70 градинки на територијата на целата држава.
Исто така, потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.
Бројот на деца вклучени во предучилишна грижа и воспитување постојано расте.
Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.
Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.
Паралелно се подобруваат условите во градинките и се инвестира во човечките ресурси во градинките преку значително зголемување на платите и зајакнувањето на компетенциите на кадарот во истите.
На прав пат сме, остануваме посветени на развој и унапредување на детската заштита.