Соопштение за јавност – реакција на прес конференција на Христијан Мицкоски
Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.
Спротивно на членот 71 од Изборниот законик каде што јасно стои дека сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.
Сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера.
Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.
Мицкоски денеска призна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра.
Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ?
Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?
Со секој нов ден на виделина испливуваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните.
Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи по директивите на Груевски, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија предводена од Мицкоски е заглавена во деструктивната матрица на лажни вести и незаконско работење и затоа на 12 април граѓаните уште еднаш ќе ги поразат нивните погубни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат.