Одговори на новинарски прашања
П: Ги имаме препораките не Венецијанската Комисија, клучно е дека препорачуваат да се ревидира Законот за јазици и да се направат измени согласно нивните препораки. Пред малку, Бујар Османи имаше изјава дека смета дека не треба да има никакви измени на Законот за јазици. Тие сметаат дека тоа е враќање чекор назад. Како СДСМ гледа на овој процес, треба ли Законот да се менува или да се влезе во дебата за измена?
Ние повторуваме, зборот е збор, заради тоа што навистина веруваме дека треба да си го почитуваме тоа што сме го кажале. Некогаш, лесно е, како на денешнава прес конференција, да кажам зборот е збор. Ветивме НАТО, го испорачавме НАТО. Некогаш ќе добиете и поврел костен. Меѓутоа, по долгите дискусии за Законот за јазици, ние излеговме со текст зад кој што застанавме, добивме сериозно мнозинство и во Собранието. Но, кажавме и дека имаме одредени дилеми. И за тие дилеми и за целиот Закон, самата Влада побара мислење од Венецијанската Комисија. Според тоа што имавме прилика директно да го прочитаме, а не да го видиме толкувано од страна на некого, за некои прашања имаат дилеми, за некои прашања немаат дилеми, за некои прашања Венецијанската Комисија оди чекор напред. Многу сериозно ќе го анализираме мислењето, ќе земеме предвид различни забелешки, и ќе се трудиме да најдеме решение што ќе биде плус за сите граѓани во државата. Како Влада, побаравме од Венецијанската Комисија да ни достави мислење по Законот и да ни достави мислење по двете прашања кои што ги пративме, ќе пробаме да го извлечеме најдобриот можен резултат за сите граѓани. Ние, веруваме дека и јазичните права се права кои што ја градат кохезијата во државата. Законот веќе долго време е на сила. Никој не плати казна поради тоа што не знае албански, како што не критикуваа. Никој не е натеран да користи нешто што не го знае или не сака да го користи, како што некои тврдеа. Покажавме дека ова прашање не е табу. И покажавме дека ова прашање сакаме да го решаваме како држава која навистина гради едно општество за сите. Со таков дух, со такви аргументи, ќе го погледнеме мислењето на Венецијанската комисија и ќе излеземе со заеднички став. Не веруваме во еднократно менување на овие важни закони. Меѓутоа веруваме дека сите партнери во коалицијата ќе го почитуваме тоа што сме си го превзеле како обврска на почетокот. Сметаме дека ова не е прашање кое повторно треба да ја дели државата. Видовме како неодговорни политичари не доведоа до раб на војна создавајќи страв којшто беше нереален. Се надевам дека и државата, и граѓаните, па и некои од од партиите научија од тоа искуство. Ова беше партијата, и ова беше Владата којашто за разлика од еден претходен париод успеа да ги вклопи во своите закони претходните мислења на Венецијанска комисија по прашање на правосудство, по прашање на медиуми итн. И покажавме дека со такви чекори градиме посилни институции а не послаби институции. Сакаме да бидеме принципиелни по сите прашања, а сакаме да најдеме решенија коишто ќе бидат најдобри за нашата држава.
П: Формулацијата што ја искористи вицепремиерот беше незаконски измени, акционен план, ако има законски измени, тогаш ќе бараме да влезат и униформите и парите и второ, секој одлука на Уставен суд, секое мислење на Министерство за правда, секое надгласување во Сорбрание тие ќе го сметаат како враќа во 2001 година, а наспртит тоа вчера премиерот беше многу јасен дека Министерството за правда веќе добило налог да прави измени? Колку за вас е прифатливо измена на униформи, пари или да се толкуваат одллуки на Уставен суд, Собрание…?
– Јас не сакам на прашање да одговорам со прашање за да ви го објаснам мојот одговор, ќе почнам така. Дали го видовте мислењето на Венецијанска комисија? Јас се уште официјалното мислење коешто ги содржи прашањата кои вие ги наметнавте и со право ги прашувате не сум го видела. Прочитавме една страница на општ став, со најава дека тоа ќе биде достапно во понеделник, и прочитавме 1001 толкување од страна на некои луѓе коишто не лажеле во минатото. Затоа би сакале прво сето тоа што се најавува да го прочитаме, Ќе не интересираат ставовите на Венецијанска комисија и по овие други прашања коишто ги спомнавте, она што можев да го прочитам во соопштението се однесуваше на голем прашалник околу судските постапки, а реков според тоа што го слушнав, во поглед на другите прашања Венецијанската комисија има пориберален став. Такашто тоа буквално ни дава шанса ако сакаме да најдеме добри решенија, да ги најдеме добрите решенија. Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава без разлика дали се Македонци, Албанци, или сите други се позадоволни. Не сме ја воделе работата со сила ниту претходно, не веруваме во таква политика ниту денеска. Меѓутоа институциите ќе работат, а одлуките ќе се носат тогаш кога ќе биде јасно какво е мислењето, кои елементи се спорни, кои се позитивни. Ние за Венецијанска комисија за мислењата за Закон за обвинителство, судство, ни требаше 4 години и промена на Влада, за да ги вклопиме сите мислења во Законите. Никој нема илузии дека ова се случува преку ноќ. Покажавме дека ние веруваме во концептот едно општество за сите, ова ќе биде уште еден тест кои ќе покаже дека нашата држава е созреана и дека научила од грешките на некои бивши политичари.