Соопштение за јавност
Не успеаја крвавите сценарија во режија на Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери Левица и Алијанса за граѓански судир и етнички конфликт.
Целата јавност виде како Мицкоски за свои лични цели беше подготвен да ја втурне државата во конфликт.
Човекот кој требаше да има клучна улога се покажа дека е брат на висок функционер на Алијанса за Албанците, кого Данела Арсовска го постави на директорска функција.
По неуспехот се заплеткаа во сопствените лаги, Алијанса вели се бранел, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта, Алијанса го обвинува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски прво велеше дека во него пукале, потоа дека пукале во толпата.
Неуспехот на овие мрачни сценарија доведе и до растурање на коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците.
Граѓаните да останат смирени, да не подлегнувааат на овие опасни сценарија.
СДСМ и институциите што ги предводи нема да дозволат некој да жртвува луѓе, да разгорува меѓуетнички тензии заради остварување на партиските интереси на Мицкоски и неговите апетити за власт.