fbpx

Костадинов на Летен камп на СДММ: Ослободете се од стегите и борете се за своето место во општеството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Младите се силата на заедницата и енергенсот кој поттикнува напредок. Тие вклучуваат, ја гарантираат праведноста и ги поттикнуваат позитивните промени во сопствената заедница, порача денес потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на сесијата “Преку младински активизам до нови лидери” на летниот камп на СДММ во Охрид.

Пред присутните тој го потенцираше значењето на младинската будност, посветеноста кон идеалот во кој веруваат и желбата да напредуваат, како индивидуи. Ги повика да излезат од зоната на комфор, да се ослободат од стравовите и да се борат за сопственото место во општеството.

“СДММ е потенцијалот на нашето општество, кој го трасира патот кон развој и европски вредности дома”, порача Костадинов.

 

Последни вести