Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски кој заедно со проруската Левица прави деструкции, блокади, се обидува со крвави сценарија да создаде нереди, глумејќи лажен патриот, со години ги лаже своите сопартијци и сите граѓани за односите со Бугарија.
Ова е вистината.
Факт 1: Мицкоски јавно изјави дека немаат проблем за внесување на Бугарите во Уставот
Факт 2: Мицкоски јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија, на средба со поранешниот премиер Бојко Борисов.
Факт 3: Мицкоски поддржа скандалозна Резолуција на ЕПП која ги поддржува и промовира ставовите на Бугарија.
Се друго се невистини кои свесно ги пласира Мицкоски, ги лаже своите членови и граѓаните.