fbpx

Честитка на генералниот секретар Зечевиќ за Курбан Бајрам: Возвишени се благородните дела, тие ги обединуваат човековите вредности

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

„Нека е честит Курбан Бајрам. На сите граѓани, припадници на исламската вероисповед, им посакувам добро здравје, радост, мир и спокој.

Овој свет ден, но и деновите по него нека Ви бидат исполнети со хармонија, трпение, дарежливост, меѓусебна почит, разбирање и солидарност.

На овој празник кој возвишува благородни дела, како што се надежта и вербата во добрината на луѓето, споделете ги даровите на празникот со вашите семејства, роднини, пријатели и соседи.

Возвишени се благородните дела, тие не обединуваат околу заедничките човекови вредности и заедничката иднина.“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.

Последни вести