Соопштение за јавност
Платите растат во сите сектори, просечната плата над 2 илјади денари ја зголемивме, докажавме дека има пари за граѓаните, само ако се работи одговорно, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Битола.
За две и пол години успеавме да ги покачиме платите во сите сектори. Ни велеа немало пари за да има поголеми плати. Ние не трошиме на споменици на фасади, туку инвестираме во човечкиот капитал. Тоа е вистинскиот, прав пат, истакна Заев.
Платите во образование пораснаа најпрво за 5 проценти, потоа пак за 5 проценти па сега и за 10 отсто од јануари 2020. Растат платите и во здравството. Лекарите специјалисти добиваат зголемување од 25 отсто, а медицинските сестри зголемување за 10 отсто. Бележиме и раст на платите и во детските градински, во социјалната политика, во одбраната и полицијата. Пензиите ги зголемуваме за 900 денари. За сите овие покачувања не земавме ниту денар кредит се се тоа пари на граѓаните.. Докажавме дека со чесен пристап со чесни и транспарентни политики обезбедивме да има повеќе пари кај граѓаните, порача претседателот Заев.