Соопштение за јавност
Откако ја наследив функцијата градоначалничка на Битола затекнав, очајни состојби во образованието и 4,3 милиони евра долгови, 12 блокирани училишта. Во училиштата имаше ужасни услови за нашите најмили деца, тоа ВМРО-ДПМНЕ го остави зад нив, рече Петровска на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Битола.
Петровска се осврна на вложувањата во образованието во последните 2 години. Денес нема училиште во кое не се гради и реконструира, во моментов имаме изведба на инфрастуктурни зафати во Елпида Караманди, во училиштето во Кравари, во Трифун Пановски каде ќе се промовира и салата која е во завршна фаза, проблем поради кој години наназад нашите најмили не можеа да имаат физичко образование.
130 илјади евра обезбедивме за кровна конструкција и доградба во Техничкото училиште во Битола и тука не застануваме. Инвестиравме 266 илјади евра во градинките и ги подобривме условите за нашите деца, се грижиме за иднината и за нашите поколенија, потенцираше Петровска.
ВМРО-ДПМНЕ да работеше барем 1/10 во нивните 12 години ќе направеше нешто добро за градот, но тие само уништуваа и грабаа за нивно богатеење, затоа има разлика, бидејќи ние градиме и го враќаме образованието во Битола на прав пат, заклучи Петровска.