fbpx

Заеднички заклучоци во Собрание за продолжување на европскиот пат со заштитен македонски идентитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Прашање: Која ќе биде процедурата по која ќе се одвива седницата во врска со преговарачката рамка? Дали ќе има дискусија? Дали ќе ги поднесете вашите заклучоци од рбаотната средба и официјално во Собранието? Како ќе се формираат заклучоците на Инфирмацијата?

Одговор: Сето она што го поставивте како прашање надлежност има претседателот на Собранието, каде што во текот на собраниската дебата се очекува да има координација на која би се утвдиле заеднички заклучоци. Она за што СДСМ го има поднесено, тоа се заклучоци за кои СДСМ се гарантира безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на Македонскиот народ, за кои со ЕУ во ниту еден момент не се преговара. Затоа ние како политичка партија бараме овие заклучоци да бидат единствени заклучоци за сите политички субјекти -чинители во Собранието на Република Северна Македонија.

Последни вести