fbpx

Каевски: Апасиев е патриот на батерии, нервозен е зашто не му успеа сценариото за дестабилизација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Димитар Апасиев е патриот на батерии, рубња фраер кој станува нервозен и сака да се тепа затоа што тоа што требаше да го направи не го исполни, односно сценарио кое требаше да ја дестабилзиира државата да создаде хаос и да иницира меѓуетнички тензии, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во реплика на денешната собраниска седница.

„И во сето тоа, негов партнер кој друг ако не, е Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев е патриот на батерии затоа што повикуваше на радикализација, а поттикнува млади момчиња по 18 години да фрлаат се и сешто кон полицијата, кон Собранието а потоа се жали дека му уфрлувале луѓе.“ посочи Каевски.

Каевски истакна дека Апасиев и Левица одработуваат за туѓи интереси кои не и мислат добро на државата.

„Добро да знаете оваа држава ќе биде дел од ЕУ, сакале вие или не, оваа држава ќе биде интегрирана во ЕУ со чист македонски јазик и македонски јазик“ заклучи Каевски.

Последни вести