Соопштение за јавност
Преку нашите програми ние ги зајакнуваме позициите на жените во земјоделството, тие повеќе нема да бидат на маргините, истакна Трајан Димковски ,член на ЦО и министер за земјоделство на трибината во Неготино.
3.000 евра неповратни средства за жените земјоделки, значат мотивација и зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство, порача Димковски.
Тој посочи дека на овој начин ги мотивираме жените во руралните средини да бидат храбри и да започнат свои агробизниси.
Токму преку мерката „Активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за рурален развој, којашто за првпат се воведува ги поттикнуваме жените земјоделки да не бидат само дел, туку да се носители и креатори на домашната економија и развојот на руралните средини, истакна Трајан Димковски.