Соопштение за јавност
Откако дојдовме на власт се соочивме со проблемот со Повардарие кој е добро познат во Неготино. На лозарите им се должеа 4 милиони евра. Со посветена работа и менаџмент успеавме во првата година и пол да исплатиме 3 милиони евра. 1.2 милиони евра беа исплатени дополнително за заостанатите долгови и сега Повардарие не должи кон лозарите, рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Неготино.
Нема веќе селективност во исплата на субвенции, нема селективност до пристап на буџетски пари, затоа земјоделството тргна на прав пат, рече Димковски.
Димковски потенцираше дека благодарение на пратениците кои доставија предлог кој за кратко време беше усвоен, се решава проблемот со 600 лозарски семејства кои предале грозје преку роднини.
Денес, благодарение на залагањето на градоначалникот и пратеникот од Неготино почнавме и го решивме проблемот со лозарите, денес, нема никаков долг кон лозарите во повардарието, заклучи Димковски.