Соопштение за јавност
СДСМ е единствената партија која препозна дека има неправедност кон жените и се бори тоа да го промени. Форумот на жени на СДСМ е успешен затоа што сме поддржани од нашите другари социјалдемократи. Затоа има повеќе жени во парламентот, повеќе жени во совети, повеќе жени градоначалнички и министерки, рече претседателката на Форум на жени на СДСМ, Снежана Калевска -Ванчева на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Неготино.
На прагот на дофат сме за целосен паритет во политиката, веќе од следните избори да имаме 50 отсто застапеност на жените на пратеничките листи, истакна Калеска – Ванчева.
Координаторката на Форумот на жени посочи дека постојано се реализираат политики на рамноправност од страна на Владата и општините предводени од СДСМ.
Само во Вардарскиот регион се отворија 11 градинки за само две и пол години, е тоа се политики на рамноправност и еднаквост, потенцира Калеска – Ванчева.