Соопштение за јавност
Наместо да им се извини на граѓаните за лагите, кои му пропаднаа Христијан Мицкоски прави нови манипулации, со кои ги лаже не само на граѓаните, туку и членовите на неговата партија.
Потонат во очај Мицкоски, мафта со некакви изјави на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, наводно заверени на нотар, кои се се неважечки, незаконски и противуставни.
Тоа се истите пратеници кои ја напуштија собраниската сала и не гласаа кога Собранието донесе државничка одлука и ги усвои Заклучоците што обезбедуваат почеток на преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност.
Мицкоски останува заглавен во минатото и најавува нови блокади, сопки, најавува и наводен референдум.
Граѓаните знаат дека исто вака најавуваше Мицкоски референдум и за пописот. на крај се сведе на потписи на неговите членови на парагон блокчиња без правно дејство, исто како изјавите на неговите пратеници.
Но, тоа е ВМРО-ДПМНЕ, Груевски со меници, Мицкоски со лажни нотарски изјави ги контролира пратениците и ја лаже јавноста.