Соопштение за јавност
Во СДСМ нема двојни аршини, ние можеме во очи да ги погледнеме граѓаните. Додека Мицкоски дома ги лаже граѓаните дека е против договорот со Бугарија, тој надвор ја ведне главата и кажува дека го поддржува договорот. Тоа е вистинското лице на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ, заткулисни игри и лицемерие, рече потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат“ во Неготино.
Спасовски им се заблагодари на неготинчани за присуството и додаде дека СДСМ може да ги погледне граѓаните во очи, затоа што за само 2.5 години има сработено многу, на чесен и одговорен начин.
-Доаѓаме затоа што можеме да ги погледнеме граѓаните во очи, да кажеме што сработевме, да кажеме каде згрешивме и да ја побараме поддршката да продолжиме, затоа што сме на прав пат, додаде Спасовски.
Спасовски потенцираше дека сите држави членки на европското семејство признаа дека е направена историска грешка и дека нашата држава направи се’ што требаше да се направи за да добиеме датум за преговори.
Продолжуваме да работиме посветено, нашата татковина нема друга алтернатива. Затоа продолжуваме со креирање и имплементација на реформи и мерки, продолжуваме на прав пат кон ЕУ и НАТО, заклучи Спасовски пред огромниот број присутни граѓани во спортската сала во Неготино.