Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ објави една вистина, со факти и бројки, за неспособноста на Христијан Мицкоски.
Очигледно лагите на Мицкоски им сметаат дури и во самата ВМРО-ДПМНЕ.
Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение кое со факти и бројки потврдува дека во време кога Христијан Мицкоски бил директор на ЕЛЕМ (ЕСМ) драматично паѓало производството на струја.
– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh
Од 2017 година навака имаме стабилизација и пораст на производството на струја.
СДСМ нема што да додаде на изложувањето на фактите искажани од ВМРО-ДПМНЕ.